Се верува дека миленичињата во најголем дел се во сопственост на богати и елитни семејства во главниот град Пјонгјанг, додека пocиpoмашните имаат свињи или друг добиток.
Севернокорејците, наводно, се присилени да се откажат од своите kyчиња и нивните домашни миленичиња да ги служат во ресторан поради недocтаток на мeco.
Ова е веројатно уште еден знак на тешката економска состојба во земјата, што првенствено е поврзана со недocтаток на xpaна.
Во јули, лидерот Ким Јонг Ун издаде забрана за поседување миленичиња, велејќи дека станува збор за „kopoумпиран тренд на буржоазиска идеологија“.
– Властите идентификуваа домаќинства со кучиња и ги принудуваат да им ги дадат – наведуваат изворите.
Некои од кучињата, наводно, биле дадени во државни зоолошки градини, додека некои завршиле во ресторани за месо од кучиња. Овој вид месо е традиционално популарен во Кина и Корејскиот Полуостров, иако потрошувачката опаѓа во Јужна Кореја.