На 29-ти мај 2016 година, во организација на Светската Кик-Бокс Федерација во Виена, ќе се одржи интернационален куп во кик-бокс насловен како “АУСТРИАН ОПЕН”.
Кик-бокс клубот Шампион од Прилеп ќе го претставуваат четири борци и тоа во две дисциплини.
Во Лајт контакт пионери ќе настапат:
1. Трајче Илиоски – 51 кг.
2. Бојан Станојоски – 59 кг.
3. Енвер Османоски – 63 кг.
Додека во категоријата К-1 правила сениори ќе се натпреварува Серхан Џафероски -81кг.
На 28.05.2016 ќе се одржи и официјалното мерење на борците, а борбите почнуваат наредниот ден од 10 часот и ќе се одвиваат преку целиот ден.
Тренерот Дарко Чатлески верува дека борците се спремни како на кондиционен, така и на технички план. Се надева на освојување на медали, а секако златниот медал е во преден план.