Kвалитетот нема цена, а во Прилеп има едно име: Еуро Глас е врв за градежна столарија, стакло и енергетска ефикасност (Фото)

Живееме во време на светска пандемија и криза, време кога трошоците за живот одат нагоре, а најголем товар на семејниот буџет се сметките за електрична и топлинска енергија.

Токму потрошувачката за затоплување на домовите најмногу зависи од квалитетната дограма. Често се случува луѓето да вложат големи средства за обновување на градежната столарија во домовите, а притоа да не бидат задоволни од тоа што го добиле.

За да не бидете измамени, препуштете се на професионалци кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет.

Еуро Глас Трејд е компанија од Прилеп која успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Компанијата се занимава со производство на термопан стакло за градежна столарија, како и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Во својата дејност од Еуро Глас ги следат и спроведуваат сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во Еуро Глас располагаат со современа технологија за изработка на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци, а во сегментот на застаклувањето произведуваат термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Се работи за компанија која има за цел да ги задоволи барањата на клиентите и за нив клиентот е секогаш во прво, токму затоа толку долго успешно работат и функционираат на пазарот.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од Еуро Глас обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

Побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.