Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против лицето со иницијали Р.Г. (48) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Во периодот од 05.08.2016 до 21.09.2017 година пријавениот како вработен во АД Македонски пошти подружница Прилеп, при извршување на редовни месечни контроли во поштата во село Долнени, изготвувал записници со невистинита содржина, со што овозможил лицето со иницијали Н.П. (28) и лицето со иницијали В.П. (27), двајцата од село Долнени, да се стекнат со противправна имотна корист од 777.108 денари на штета на АД Македонски Пошти, информираат од МВР.