KИЛОМЕТАР АСФАЛТ ЗА ПОУБАВА НАСЕЛБА ТАПАНИ: Летната офанзива во Прилеп продолжува (ГАЛЕРИЈА)

685585

Градежна офанзива се случува во Прилеп деновиве. И покрај пеколните температури, општина Прилеп напорно работи на обезбедување современи услови за живот на своите граѓани.

После населбата “Чачорица” и “Жабино маало”, со нов лик се закити и населбата “Тапани”, каде деновиве се распосла цел километар асфалт, односно се асфалтираше површина од 5000 метри квадратни, на огромно задоволство на граѓаните на оваа населба.

“Жабино маало” добива целосно нов лик: Повеќе улици добија нов асфалт (ФОТО)

НАСЕЛБАТА ЧАЧОРИЦА ВО НОВО РУВО: Се асфалтира на повеќе локации (ФОТО)

На иницијатива на урбаната населба на оваа населба, граѓаните ќе имаат можност да чекорат по нови улици и ќе заборават на непријатностите кои ги создаваше застарениот асфалт.

Општина Прилеп е една од најсовремените општини во овој поглед. Изминатите 12 години се асфалтираа речиси сите улици во градот, нов асфалт се тураше и во населените места, а исто така постојано се обновуваат и одржуваат останатите улици.

Ваквата градежна офанзива ќе продолжи и во наредниот период, се’ во интерес на граѓаните и нивните потреби.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.