Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, Турција е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите – пишува порталот “Шеталиште”.
Според Библијата, Исус додека беше распнат на крстот го замолил Свети Јован да се грижи за неговата мајка Марија. Во тој момент, Исус рекол дека Свети Јован е нејзин син, а таа негова мајка.
Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги помина во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.
Целата статија прочитајте ја ТУКА