Пред извесни време како гром од ведро небо проструи информацијата дека прилепското ОЈО поднело обвинителен предлог за НВО. Ова е преседан и во македонската, но и во европската пракса. Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.
Наводно, деновиве со ова биле запознати РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори.
Нападнати се две фундаментални човекови права – слобода на изразување и слобода на здружување (Член 10 и 11 од ЕКЧП).
Наместо да се промовираат европските вредности тие се напаѓаат, што е своевиден преседан во поновата македонска историја.
Може само да се претпоставува како сево ова ќе влијае на ранкингот на Р. Македонија во извештајот на Репортери без граници за слободата на медиумите. Од друга страна во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава се нотираше дека граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддржувањето на демократските процеси и обезбедувањето поголеми проверки и рамнотежи. Како и дека климата во која работат организациите на граѓанското општество е подобрена.
Имајќи го ова во предвид, може да се очекува дека ваквите случувања ќе влијаат негативно на имиџот на земјава во делот на слободите на изразување и здружување, во делот од подглавјето посветено на невладиниот сектор и медиумите во Извештајот за напредокот на Р.М., имајќи предвид дека сме под постојан мониторинг од Европските тела и меѓународните институции.
Оваа ситуација е само еден ден пред “опомената” на Американскиот Амбасадор дека судиите и обвинителите треба да постапуваат според законот, а не партиските притисоци да бидат изговор за некакаква си амбасадорска насока?!