Kривични пријави за двајца прилепчани

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ќ.(32) и С.Х.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на
сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

На 08.03.2020 вработени во шумската полиција од СПШ Прилеп, на место викано „Дервен“, забележале возило „опел“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни букови дрва и во кое се наоѓале пријавените.

При обид за сопирање на пријавените, истите со возилото се оддалечиле од местото на настанот, при што полицајците биле спречени во службените дејствија од првопријавениот – информираат во дневниот билтен на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.