Kирацоски со пpoштално пиcмо на Фејсбук изрази блaгoдapнocт до Заев и Шекеринска

Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на вишите, заеднички цели, напиша Александар Кирацовски преку фејсбук пост откако синоќа беше разрешен од функцијата генерален секретар на СДСМ, а на негово место беше назначен министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој ќе си замине од министерството. Сега веќе поранешниот генерален секретар на партијата не дава одговор во која форма ќе ја продолжи својата активност во партијата.

Во прилог фејсбук статусот на Кирацовски

„Продолжуваме заедно напред!
Независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!

Во тешки услови и преку долгогодишна борба за правда и демократија, како тим, заедно успеавме да го поразиме режимот, потоа заедно ги премостивме сите предизвици на патот Македонија да ја направиме Европска, а сега со обновени сили продолжуваме да ја градиме нашата држава.

На пресек од двегодишната власт успеавме да направиме многу и за државата и за партијата, но се разбира има уште многу пат за одење.

Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени.
Таква е мојата, нашата СДСМ!

Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на вишите, заеднички цели.

Пораката од граѓаните беше веднаш прифатена уште при нејзина испорака и беше сосема доволна, целото раководство да ја понуди својата оставка, за да, согласно досегашното искуство, нештата ги промениме на подобро. И Партијата и државата, преку прераспоредување, воведувајќи нови концепти на работа.

Му благодарам на претседателот Заев, за укажаната доверба која сите заедно ја оправдавме. Во специфични услови, на огромни, наталожени очекувања, успеавме да испорачаме сериозни општествени и партиски резултати крунисани со победа на претседателските избори.

Им благодарам на сите соработници, со кои соработката продолжува, за преданоста и доследноста, им благодарам и честитам за придонесот на досегашните потпретседатели на СДСМ, членовите на ИО и Организациониот секретар, на заемник претседателката Шеќеринска за другарството и поддршката.

Ѝ благодарам на сопругата и семејството за големата, огромна поддршка и поднесувањето на тешките, неправедни моменти кои доаѓаат од функцијата, која често пати знае да биде неблагодарна.

И, голема благодарност до членовите на СДСМ, кои несебично се вложија во сите партиски активности, кои секојдневно ја градат и зацврстуваат нашата партија која значи многу за нашата Македонија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.