Од утре, 18-ти октомври се затвора комплексот „Македонско село“, инвестиција од 6,5 милиони евра што се наоѓа во Нерези.
“Почитувани,
Ве информираме дека менаџментот на Комплексот Македонско Село донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).
Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години”, пишува во соопштението објавено на Фејсбук страната на “Македонско село”.