KРАЈ НА СОНОТ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО НА УКРАИНА: ДОБИЈА ВЕТО ОД УНГАРИЈА (ВИДЕО)

Унгарија ставила вето на одржување самит на НАТО за влез на Украина во Алијансата во декември, рекол денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Сијарто нагласил дека е невозможно да се поддржи влезот на Украина во состав на НАТО, откако Киев усвои контроверзен закон во образованието кој брутално ги уништува правата на малцинставата.

“Унгарија не го поддржува влезот на Украина  за членство, затоа ставаме вето за одржување на самит во декември”, рекол Сијарто.

Според неговите зборови, не постои начин за заобиколување на ветото од Унгарија, бидејќи е неопходно едногласно гласање за одржување на состанок на комисијата НАТО-Украина.

Законот кој предвидува наставата во средните училишта да се одвива на украински јазик, треба да стапи во сила помеѓу септември 2018 и септември 2020 година.

Законот ќе влијае на повеќе стотици илјади деца кои посетуваат повеќе од 700 државни училишта каде се предава на јазиците на малцинствата. Повеќето од овие деца се Руси, но меѓу нив има и Романци, Унгарци, Молдавци и Пољаци.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.