Joвчески и Коњановски гости кај македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула (ФОТО)

Македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула како и советникот во македонската амбасада Стојанче Китаноски, беа домаќини на македонската
делегација која деновиве е во работна посета на Шведска, во чиј состав се и градоначалниците на Прилеп и Битола, Борче Јовчески и Тони Коњановски.

На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, тие разговараа за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално
ниво” и конкретните активности, кои ќе бидат преземени кај нас, како резултат од реализацијата на проектот. Заеднички договорија соработка и на идни проекти, за кои што амбасадата им ја понуди целосната поддршка на градоначалниците учесници во делегацијата.

Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои работат на одржливо управување со отпадот, преку проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.