Joвчески: Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија, по 6.000 денари за секое новороденче (Видео)

Со гордост сакам да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјалната заштита, затоа што свесни сме сите, колку малку се направи на ова поле во изминативе години за време на владеењето на СДСМ. Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите, истакна на последната прес-конференција кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Јовчески:

-Почитувани сограѓани, со гордост сакам да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјалната заштита, затоа што свесни сме сите, колку малку се направи на ова поле во изминативе години за време на владеењето на СДСМ.

Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите.

За постарите сограѓани, планирани се:

• Поддршка за изградба на нови приватни старски домови;

• Изработка на техничка документација за реконструкција и проширување на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“, како и реконструкција на истиот и опремување во соработка со Министерство за труд и социјала;

• Давање бесплатни услуги на стари, изнемоштени и болни лица. Вклучени ќе бидат волонтери кои ќе се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица кои воопшто немаат кој да се грижи за нив. Целта на волонтерите е да ги посетуваат овие лица 3 пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да поразговараат со нив. Овој проект ќе го реализира Домот за стари лица „Киро Крстески– Платник“ Прилеп, а ќе биде поддржан и финансиран од Општина Прилеп;

Во нашата програма предвидовме и проекти за:

• Овозможување на подобри услови за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, како и зголемување на кадарот на стручни вработени кои работат со тие деца;

• Обезбедување на униформа од страна на општината на децата од социјално загрозени семејства;

• Субвенционирање на помагала на лица со хендикеп и посебни потреби;

• Обезбедување на услови за движење на лицата со хендикеп во јавните институции кои се во надлежност на локалната самоупра-ва;

• Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија;

• Доделување на еднократна парична помош во висина од 6.000 ден. на секое семејство за новородено дете во општината.

Почитувани, во наредните 4 години ќе направам се за да ги спроведеме сите инклузивни потези кои ќе овозможат Прилеп да биде достапен град за сите граѓани со попреченост.

1.Општината ќе организира обуки за секој што сака (не принудно) да научи елементарно ниво на македонски знаковен јазик.

2. Веб страната на општина Прилеп во моментов се уште не е достапен за глуви, слепи и други лица. Ќе ги прилагодиме информациите за општината,нејзините активности во аудио формат за слепи, знаковен за глуви.

3. Сите поголеми манифестации ќе бидат достапни за лица со попреченост.

4. Ќе се погрижам за младинците со попреченост кои живеат во Прилеп и околината да бидат активни чинители во општествениот живот.

Повеќе сме од сигурни дека на поголем дел од граѓаните, се што погоре е наведено им е и повеќе од неопходно. Затоа, јас и мојот тим, ќе се погрижиме, да помогнеме секаде онаму каде што е потребно.

Граѓаните на Прилеп заслужуваат Оптшината да се грижи за нив!, заклучи Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.