Aктерот Владо Јовановски после информацијата за понудена амнестија за настаните во Собранието на 27 април, на својот Фејсбук профил напиша:
“Милост може да бара само тој, кој што е виновен…
Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!
Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител!
Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..
“..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!”