Веќе втора недела како владее тотален paздор во СДСМ Прилеп, најмногу поради кандидатурата на aктуелниот градоначалник Илија Јованоски за втор мандат.
Одличниот пи-ар потег со обзнaнувањето на својата желба, според внатрепартиските информации направило проблем во другите три табори, кои сега се двоумат дали до донеска кога е последен рок да поднесат кандидатура.
Втор и основен проблем било тоа што во вкрстената анкета со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, разликата била трократна во корист на опозиционерите (опозиционерите 63%, наспроти 21% за власта).
Во внатрепартиската битка Јованоски водел со 20.1, пред Сугарески со 18.2% и Талески со само 9%?
Оваа лимбо состојба во ОО СДСМ се очекува да ескалира до август со страшен конфликт меѓу веќе раскараните табори, кои меѓусебно веќе се шиканираат и на локалните трибини.
Инаку актуелниот градоначалник Илија Јованоски, пред десетина дена се заблагодари на поддршката за неговата кандидатура за втор мандат.
Вчера пак, ТВ 24 излезе со информација дека актуелниот директор на Царинската управа, Горан Сугарески е можен кандидат за прв човек на општината.
Што и како ќе се случи, останува да видиме во периодот кој следи пред нас.