Денес го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ден кој не потсетува дека зад секој напредок, зад секоја изградена институција, пат, фабрика или училиште, стои нечиј труд – трудот на човекот.
Овој ден е симбол на борбата за работнички права, за фер услови, за достоинство на трудот. Во оваа прилика, упатувам искрени честитки до сите работници во Општина Прилеп и пошироко, со уверување дека трудот мора да биде ценет, заштитен и вреднуван.
Како Локална самоуправа, наша обврска е да креираме политики и проекти кои ќе придонесат за подобри услови за живот и работа. Наша цел е да бидеме вистински партнер на работникот и гарант за неговото право на фер третман и социјална сигурност.
Апелирам до сите работодавци да покажат грижа, разбирање и почит кон своите вработени, да ги почитуваат законските одредби и да вложуваат во подобра работна средина. Само така можеме да градиме здраво и успешно општество.
Во овој празничен ден, ви посакувам здравје, мир и моменти поминати со вашите најблиски. Да не заборавиме дека со заедничка солидарност и меѓусебна поддршка можеме да постигнеме многу.