Во одговор на новинарско прашање за тоа што се случува со кривичните пријави кои ВМРО-ДПМНЕ ги најави за минатото раководство на локалната самоуправа пред да ја преземе локалната власт во општината, градоначалникот Борче Јовчески, кој вчера даваше отчет за што се сработило во првата година од мандатот, рече дека е побарана ревизија од Државниот завод и се поднесени неколку кривични пријави.
“Направена е ревизија, односно пратено е до државна ревизија. Колку што имам информација тие се во тек на работење на ревизијата во нашата општина, тековно во нивната програма, а дека е доставено барање за ревизија јас можам да ви потврдам дека тоа направено. Одреден број на кривични пријави се доставени. Ја знаете моменталната насока, повратно, без разлика со каков одговор се дадени. Не очекуваме дека ќе биде позитивно одговорено на нашите барања, но верувајте дека се во тек неколку веќе испратени пријави”, истакна Јовчески.