Joвчески: Имаме готови 14 проекти, со сите ќе аплицираме на повикот од Владата

Со повеќе од 14 веќе готови капитални, инфраструктурни проекти, општина Прилеп ќе аплицира за престојната владина финансиска помош од унгарскиот кредит, а наменета за општините. Станува збор за вкупна сума од близу 9 милиони евра со кои ќе се реализираат витални проекти за граѓаните, како во градот, така и во населените места.

„Но, го чекаме повикот и условите за аплицирање. Ние сме потполно спремни, ги бираме приоритетните проекти кои што ќе бидат презентирани транспарентно и пред нашата јавност…Опфаќаат реконструкции на водоводна инфраструктура, патна инфраструктура…Не се занемарени и населените места во општина Прилеп. Секаде онаму каде што макотрпно работевме и брзавме да имаме што повеќе сработени проекти, ќе бидат аплицирани во првиот повик кој што ќе го имаме од Владата“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Во меѓувреме, веќе интензивно се работи и на еден од трите проекти со кои општина Прилеп аплицираше на ланскиот прв Јавен повик од Владата. А додека на останатите два, Кружниот тек „Табана“ и улицата „Победа“, ќе започне да се работи во најскоро време. За овие три проекти ќе бидат потрошени вкупно одобрените околу 3,2 милиони евра, уверуваат локалните власти.

„Проектот „Реконструкција на водоводната линија“ во овој дел од градот од централното градско подрачје, викано „Карабдалица“ е прв запопчнат проект, со средства одобрени од Владата каде што имаме замена на 1.024 метри водоводна мрежа, линија која што не е реконструирана повеќе од седум децении, што значи дека азбестните и цементните цевки ќе бидат заементи со полиетиленски, модерни, со поголем капацитет…Ќе се постават 124 приклучоци, 7 нови хидранти со зголемена безбедност и ќе се изведат 18 јазли“ – објаснува Јовчески.

Новиот Јавен владин повик на кој општините ќе можат да аплицираат со проекти за тековнава година, треба да биде распишан до крајот на неделава, а до крајот на месецов треба да помине и на Владина седница. На првиот Јавен повик учествуваа 80 општини со дури 375 проекти што потврдува дека овие 250 милиони евра се оправдани средства кои ќе придонесат за исторски највисоко ниво на инвестиции во сите локални единици со поддршка од Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.