Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 54-тата седница, која заради пандемијата со кopoнавиpycoт се одвиваше преку видео-конференциска врска. Советниците дискутираа и расправаа за 40 точки од дневниот ред, кој на почетокот
на седницата беше едногласно усвоен.
Нa денешната седница, советниците дадоа „зелено светло“ за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот квартал од тековната 2020 година, како и за Годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година. Дополнително, советниците го прифатија и годишниот извештај на Општина Прилеп за 2020 година.
„Сакам да потенцирам дека извршувањето на 1 милијарда и 135 милиони денари приходи во консолидираниот биланс на приходи на општинскиот буџет за 2020 година, преставува 73,82% од проектираните 1 милијарда и 537 милиони денари и со тоа можеме да бидеме задоволни. Сакам да нагласам дека со реализација на 339 милиони денари приходи на основниот буџет, несметајќи го пренесениот вишок на приходи од 2019 година во износ од 134 милиони денари, можеме да бидеме релативно задоволни. Извршувањето на расходите на Консолидираниот биланс на Буџетот за 2020 година беше во износ од 1 милијарда и 198 милиони денари. Сакам да потенцирам дека 2020 година, беше година на реализација на крупни капитални проекти од витално значње за општината. Тука пред се мислам на изградбата на мостот на улицата „Трајко Николоски“, реконструкцијата на делот од булеварот „Гоце Делчев“ и делот од улицата „Прилепски бранители, изградбата, реконструкција и рехабилитација на голем број на улици и локални патишта во градот и населените места, реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“, бројни инвестиции во училиштата и градинките“, истакна градоначалникот Јованоски на денешната седница на Совет.
Членовите на општинскиот Совет, денеска ги усвоија и Правилниците за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година.
Истовремено, советниците изгласаа Одлуки за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција, односно надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година. И тоа, до 50 отсто од вредноста на грејното тело, но не повеќе од 10.000 денари, како и до 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство. Вкупната сума, која Советот ја оддели за таа намена, изнесува 5.000.000 денари, од кои 4.000.000 денари за набавка на клими, а 1.000.000 денари за велосипеди.
Советниците ги усвоија и Годишните сметки на сите основни и средни училишта од Прилеп, за 2020 година.
Дополнително, општинскиот Совет даде согласност на извештајот за работата на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’’-Прилеп, со финансиски извештај за 2020 година, а ги изгласа и Одлуките за усвојување на Годишните сметки на Градската библиотека, ЈОУДГ ’’Наша иднина’’-Прилеп и ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за 2020 година.
На денешната седница беа усвоени и Годишните сметки и Извештаите за 2020 година, за работењето на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, ЈКП ,,Пазари’’- Прилеп и ЈП за ПУП-Прилеп. Усвоени беа и тримесечниот извештај за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп за периодот од 01.10.2020 година до 31.12.2020 година, како и Годишната сметка на претпријатието за 2020 година.
Покрај другото, советниците донесоа Одлука за донесување на Регулациски план на ГУП за град Прилеп за ЧЕТВРТ 7 во БЛОК 7.3, КО Прилеп, Општина Прилеп.