Joваноски: Се договopивме на кpизен штаб, paно наyтpo oдиме да го гаснеме пожapoт на потегот Топлица – Ракле – Никодин

Вечерва на моја иницијатива беше свикан состанок на Општинскиот кризен штаб. На состанокот разговаравме за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја зафатија околината на Прилеп – информираше на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

– Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, а додека пожарот кој почна на 2-ри август на потегот Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен.

Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско.

На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош.

Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување.

Јас како градоначалник на Општина Прилеп сум во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија. – напиша Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.