Новиот градоначалник на Прилеп Илија Јованоски, денеска оствари средба со министерот за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимоски, на која беше договорена реализација на неколку капитални проекти во населбата „Три багреми“ во Прилеп. Проектите ќе стартувале во најбрз можен рок, со цел до нова година да се обезбедат барем елементарни услови за функционирање на оваа населба. И се така убаво за пред камерите и медиумите, доколку Јованоски не заборавеше што говореше за време на предизборната кампања и на законските регулативи.
На денешната средба Јованоски и Ибраимоски говореа за спроведување на нов систем за водоснабдување во населбата, спроведување на електрична енергија и изградба на нов трансформатор.
Изградбата на нова електрична мрежа во населбата „Три багреми“ е приоритет, а водоснабдувањето ќе го решиме во наредните два месеци, истакна Јованоски.
ПРВО: Според нашите сознанија земјиштето во населбата “Tри багреми” е надвор од градежен опфат и по Генералниот и по Деталниот урбанистички план, што значи Јованоски планира да изведува градежни зафати на локација за која најпрво треба да се изврши проширување на ГУП и ДУП, па потоа да следуваат одобренијата за градба за сите градежни активности, a дури потоа да следува изградбата на вакви крупни инфраструктурни проекти.
Како и со каква динамика планира тоа да го изведи новиот градоначалник за само два месеци, останува мистерија.
ВТОРО: Како планира Јованоски да носи приклучоци за вода до субстандардни дивоградби и по кој закон?! Ова е уште едно елементарно непознавање и нереално ветување, имајќи во предвид дека објектите во овој дел од градот се дивоградби, без никаков решен статус.
Со ваквите активности кои се планираат да се изведуваат се прекршуваат низа закони и регулативи, што отвара сомнеж секој преземен чекор будно да се следи од државните органи, но и од невладините организации.
Дали доколку новиот градоначалник Илија Јованоски противзаконски ги започне ваквите активности треба да добие кривична пријава? …. Проценете сами!
За крај ќе потсетиме дека за време на предизборната кампања, при своето обраќање до гласачите, Јованоски истакна дека е можна и дислокација на населението од овој дел на градот.
Погледнете: