Joвановски: “Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!”

Aктерот Владо Јовановски после информацијата за понудена амнестија за настаните во Собранието на 27 април, на својот Фејсбук профил напиша:

“Милост може да бара само тој, кој што е виновен…

Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!

Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!

Вистината е мојот најголем и единствен бранител!

Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..

“..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.