Јапонската компанија Rimono го претстави својот проект кој ја претставува визијата за движење во градовите на иднината, а тоа е мал градски автомобил на електричен погон, кој е направен од ткаенини.
Автомобилот е долг 2,2 метри и го носи името на компанијата Rimonо, што на јапонски значи “возило” или “средство за возење”. Поседува каросерија која во потполност е направена од водоотпорна ткаенина, односно така наречен памучен полиестер.
Автомобилот го дизајнирал Kota Nezu, човекот кој го направи дрвениот концепт за Toyota. Малиот автомобил може да достигне брзина од 45km/h, а неговиот домет со едно полнење на батериите е 50km.
Како што може да се види на фотографиите, Rimono има две седишта во малата кабина.
Производството би требало да започне на лето во 2017 година.