Прес конференција на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев
“Зоран Заев наместо со решавање на проблемите на граѓаните, кои во огромна мера се резултат на неодговорното владеење на неговата старо нова власт, се занимава со театар и гол популизам. Зоран Заев не може да решава проблеми, затоа што тој е изворот на истите.
Оваа влада е онаа истата стара влада која создава економско цунами, неправди, трас трас одлуки, најкорумпирана земја во Европа, хибриден режим, изјави денеска за медиумите генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Затоа наместо Заев да дава мандатни писма, народот на Заев му дава мандатно писмо во кое се бара:
Заев ова мандатно писмо мора итно и неодложно да го спроведете до крај, во спротивно народот го бара мандатот назад. И само да ве потсетам дека ќе има одговорност за неспособноста и криминалот“, истакна тој.