Чуда за кои човекот нема одговор
Кога се работи за божјите дела и чуда, сите научници, целата литература и човечки ресурси паѓаат на колена. Нема човек што може да го објасни Божјото делување. Нема научник кој може да ги објасни Божјите чуда кои му се дарувани на овој свет, како доказ за неговото постоење, како и присуство меѓу нас луѓето.
Црквата денес брои повеќе од 200 нераспаднати тела на светци кои после нивната смрт изгледаат како да спијат, како да се живи, а пред кои јавноста, лекарите и патолозите остануваат целосно немоќни, без никакви одговори.
Тие тела предизвикуваат чудење на целата јавност, како цели децении остануваат зачувани, иако не се третирани со никакви средства. Едно од најпознатите нераспаднати тела е она најомиленото на Падре Пио, како и она на Св. Бернардиче, што е напросто чудесно. За овој феномен ама баш никој нема одговор до сега.
Padre Pio сам по себе бил чудо Божјо. Неговиот живот го следеле постојано чуда. Починал во 1968 година, а неговото тело е ексхумирано 40 година покасно во 2008 година, целосно зачувано, нераспаднато, а неговото лице ги има сите бои, што е спротивно на сите закони на физиката, јавноста и сите човечки достигнувања.
Таков е случајот и со други тела на светци.
Една од најпознатите светици со чудесно зачувано тело е Bernardica Soubirous. Нејзиното тело се чува во францускиот град Неверс. Двајца лекари кои го прегледале телото на светицата години после нејзината смрт, го рекле следното:”Не постојат непријатни мириси.
Облеката беше влажна, лицето, рацете и подлактиците беа отскриени. Главата навалена на лево. Лицето светло бело. Носот танок, рацете спуштени, прстите беа совршени зачувани, ноктите исто така. На подлактиците останале видливи вени, како и нокти на нозете…..Како?”.