Го направија истото на првиот ден на Светското првенство кога на теренот играа Катар против Еквадор, а и денеска кога приредија сензација победувајќи ја Германија, дел од јапонските навивачи наместо да слават, после натпреварот го чистеа ѓубрето на стадионот.
Ова наиде на големо изненадување кај домашните фанови кои постојано ги прашувале зошто тоа го прават, тие одговорија дека Јапонците не оставаат ѓубре, па макар тоа не било нивно.