Jaпонски џудо експерт викендов ги обучуваше прилепските џудо мајстори во Белград (Фото)

Викендов на 16 и 17 ноември 2019 година во Белград – Р. Србија се одржa семинар за тренери на тема „Техничко усовршување за учење на млади џудисти на возраст од 8 до 12 години“, а предавач на семинарот беше јапонскиот џудо експерт Хироши Катаниши – 8 Дан.

Џудо Клубот “Сеишин” од Прилеп зеде активно учество на овој семинар со свои стручни кадри, каде претставници беа тренерите Дејан Мицкоски и Мики Чадамов, а претставник од џудо ветераните беше тренерот и Претседател на одборот на Ветерани Киро Здравески.

Од Џудо Клубот “Санкаку” претставник беше Благојче Митрески кандидат Мајстор и актуелен џудо судија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.