Jaпонската принцеза поради љубов се одрече од својата титула: Се омажи за обичен работник во кого се заљубила на прв поглед (ФОТО+ВИДЕО)

Jaпонската принцеза Ајако во понеделникот на свечена церемонија стапи во брак, во храмот Меији во Токио – пренесува “Дејли Мејл”.

Ajako (28) e ќерка на царскиот роднина, а нејзиниот сопруг Кеи Морија (32) работи за бродарската компанија “Нипон Јусен”.

Жените кои се мажат за членови на царското семејство веднаш стануваат членови на тоа семејство, но оние кои се мажат за личност која нема кралски статус мораат да ја напуштат палатата.

Поради тоа Ајако морала да се одрече од својата титула. Таа од државата наводно ќе добие мираз во вредност од 1,3 милиони долари.

Морија рекол дека се надева дека Ајако ќе се прилагоди на обичниот живот.

“Сакам да работиме заедно, рака под рака, да создадеме семејство исполнето со несмевки”, рекол тој.

Ајако и нејзиниот сопруг беа ударна вест во сите јапонски и светски телевизии.

Венчавката се одржала во една од зградите на комплексот на храмот, каде си размениле прстени и поделиле чаша со саке (јапонски пијалок), пренесуваат јапонските медиуми.

Невестата носела две традиционални носии и не ја тргнала насмевката од лицето. На новинарите им рекла дека е многу среќна.

Вечерта се одржала и свеченост на која се собрале голем број гости.

Принцезата Ајако тогаш носела венчаница, а целата комбинација ја надополнила со прекрасен накит.

Ајако се опростила од царот Акихита минатата недела. Таа во понеделникот истакнала дека сака да продолжи да му помага на царот и царицата како поранешен член на царското семејство.

Царската најстара внука исто така треба да се омажи да човек кој не е член на семејството, а таа свадба ќе се одржи во 2020 година.

Ајако и Морија се запознале преку нивните мајки, кои биле добри пријателки. Истакнале дека тоа било љубов на прв поглед.

Таткото на принцезата Ајако е покојниот принц Такамадо, кој починал во 2002 година.

Погледнете ги видеата:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.