Талибанците би се гоордееле кога би дознале што прави Заев и СДСМ со сонцето во Крива Паланка. Талибанците со пушка рушеа историски споменици, а СДСМ и Заев Багдади корнат историски симбол за време на полициски час – порача преку Фејсбук Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
“Мислат дека така ќе си го покријат срамот од капитулациите и дека така ќе станат поблиски до оние кои тоа не го бараат од нив, а овие упорно им се додворуваат.
Дури и комунистите, чии што наследници пропагираат дека се, би се срамеле од ваквиот чин. Го гребат затоа што имаат нечиста совест која ги гребе – и ќе ги гребе.
Но, тоа било тука и пред нас и ќе биде после нас.
Само уплашени мразачи ќе помислат дека ќе го снема. Сонцето е живот, Сонцето е Македонија, Сонцето сме сите ние. И не можат со ништо да не избришат”, пишува Јанушев.