Jaне Николоски одново на клупата на Победа

За нов шеф на стручниот штаб на Победа е именуван поранешниот репрезентативен голман Јане Николоски.

Оваа одлука следува после слабиот старт на сезоната во Втората фудбалска лига, каде црвено-белите имаат само 8 освоени бода од 7 одиграни натпревари.

После овие резултати тренерот Филип Мирчески поднесе оставка, а раководството на клубот мораше веднаш да реагира.

49-годишникот Николоски зад себе има богата фудбалска кариера како голман, а како тренер беше дел од младинскиот тим на Победа, потоа АЕЛ Лимасол, Хоризонт Трново, Победа, Слога Виница, Борец..

Николоски првиот дуел ќе го има веќе викендов, кога во Прилеп гостува екипата на Детонит Плачковица. Поранешниот голман на Македонија, во минатото беше спортски директор на клубот од Прилеп, а беше и прв човек на клупата во периодот од ноември 2018 до март 2019година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.