Иницијативата “Јавен Простор Прилеп” продолжува да ги изненадува прилепчани со нови настани. Откако во центарот на градот се одржаа неколку креативни работилници, како и два музички настани, за утре 14.08. најавен е концерт на музичката група “Фолтин”.
Концертот е закажан со почеток од 20 часот, а ќе се одржи во задниот дел од дворот на театарот “Војдан Чернодрински”.
Од “Јавен простор Прилеп” велат дека концертот го посветуваат на прилепско-битолската љубов која трае многу години и е наменет за вистинските фанови на Фолтин.
Веќе во недела на старата локација под Градскиот саат, прилепчани ќе уживаат во латино звуци.