Oваа информација утрово ја потврдија сите релевантни медиуми во Италија
Адријан Рабио се договорил на петгодишна соработка со Јувентус и ќе заработува по 7 милиони евра (плус бонуси), а како надомест за потписот ќе добие дополнителни 10 милиони евра.
Оваа информација утрвото ја потврдија сите релевантни медиуми во Италија.
“Скај Спорт Италија” смета дека договор е постигнат, додека “Спорт Италија” тврди дека Рабио веќе дал збор дека ќе ја одбие понудата од Манчестер Јунајтед.
Играчот од средниот ред ќе биде слободен на 30 јуни, кога истекува договорот кој тој го има со ПСЖ.