Фудбалерите на Јувентус четврта година по ред го освоија Италијанскиот Куп благодарејќи на убедливата победа од 4:0 во финалето над Милан.
После рамноправното прво полувреме, Јувентус во продолжението ја наполни мрежата на Милан, а “трагичар” на дуелот беше младиот голман на “црвено-црните” Џианлуиџи Донарума, кој беше виновник за вториот и третиот погодок на “старата дама”.
Juвентус заводи во 56-та минута кога Мехди Бенатија погоди со глава после корнерот на Миралем Пјаниќ од десната страна.
На 2:0 зголеми Даглас Коста само пет минути подоцна, а веќе во 64-та минута беше 3:0, после уште една лоша реакција на голманот на Милан.
Во 76-та минута од натпреварот Пјаниќ изведе корнер од десната страна, а Калиниќ лошо реагираше и ја смести топката во својата мрежа за конечни 4:0.
Јувентус на две кола пред крајот на првенството е на 6 бодови повеќе од конкурентот Наполи, што според сите математики Јуве се наоѓа пред освојување на седмата последователна титула во Сериа А.