Сите линии на градскиот превоз се во прекин од вчера (04.12.) – информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Прилеп, под чија надлежност е јавниот градски превоз. Од ЈП за ПУП велат дека се работи за технички проблем.
Проблемот настанал вчера во попладневните часови, а прекинот на јавниот градски превоз ќе продолжи и денеска.
Од ЈП за ПУП велат дека граѓаните ќе добијат дополнителни информации кога автобусите ќе започнат да сообраќаат.

























