Со длабока тага ве известуваме дека на 17.7.2025 година почина д-р Рамона Маркоска, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Д-р Рамона Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започна на Техничкиот факултет – Битола во 2008 година, а во 2014 година продолжи со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.
Со нејзината смрт академската заедница на ФИКТ и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола загуби драга и почитувана колешка, истакнат и посветен наставник и истражувач од областите на програмските јазици и технологии, семантичките веб технологии, моделирањето на е-бизнис процесите и менаџментот на информатичките и комуникациските технологии.
Меѓу колегите и студентите ќе остане запаметена по нејзината стручност и посветеност во изведувањето на наставно-научната дејност.
Погребот на ред. проф. д-р Рамона Маркоска ќе биде на 18.7.2025 година од 13:00 часот на новите гробишта во Прилеп.
Д-р Рамона Маркоска во својата кариера беше и советник во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Телото ќе биде изложено во капелата на новите гробишта во Прилеп на 18.7.2025 година од 12:00 часот.
Професорке, почивајте во мир!