Лицата кои сакаат да се вработат во Министерството за внатрешни работи, ќе мора да направат тест за интегритет, а ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, додека истите нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.
Овие нови правила ги предвидуваат измените на законот за внатрешни работи, кој денеска е на второ читање пред пратениците од собраниската законодавно-правна комисија.
Oсвен на новите вработени, и на веќе „постарите“ полицајци ќе им биде направен ваков тест, а истиот нема да трае засекогаш, односно ќе мора постојано да се реоценува.
во законските измени стои и дека тестот за професионален интегритет е „контрола на постапувањето на работникот во министерството во симулирана ситуација, која е идентична на неговите работни задачи, без обврска за претходно известување на организациската единица во која е распореден и работи“.