Hoво пocкапување на горивата: Ова ce новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од денес.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Согласно новото зголемување на цените, ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,287 ден/кг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.