Како и секој понеделник, така и денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се зголеми за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,081 ден/кг.
Од 15.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 60,00 (денари/литар); Моторен бензин еуросуперБС -98 62,00 (денари/литар); Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар); Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 28,287 (денари/килограм)
Осатанува да видиме дали и денеска ќе има ново поскапување.