Прилепската музичка рок група “HIGH START” издадоа нова песна и видео запис. “Слободен” е одличен пакет што ќе и годи на публиката. Целосниот аранжман, музика, текст и видео запис го докажува квалитетот на овие млади музичари и нивната талентираност.
Петар Киселоски (вокал), Христијан Ристески (гитара), Дејан Трајкоски (клавијатури), Александар Шилоски (бас гитара) и Филип Јездиќ (тапани) се вистинска свежина на музичката сцена и веруваме дека ова е само еден од низата успешни проекти кои им престојат во иднина.
Во продолжение слушнете ја новата песна на “HIGH START”, ќе ви се допадне:
А.Г.