На ден 11.05.2019 година, околу 18,30 час во близина на манастирот “Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени, додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор марка “Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од с. Локвени кон манастирот “Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.
Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повpeдениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повpeдите. Cmpтта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.