He знae да cocтави пpocта peченица – ова е кандидатот на CДCM за Aepoдpoм

Партискиот кадар на СДСМ кој на партиско ниво го исфрли од игра актуелниот градоначалник Златко Марин не покажал посебни комуникациски способности на интервјуто со кое се промовирал како кандидат.

Во интервју за емисијата Утрински Брифинг на Слободен Печат пред еден месец кандидатот Александар Филиповски откако во повеќе наврати прави грешки и од стрес го поместува столчето признава дека ја губи мислата и вели:
,,Отидов”.

За негова среќа го спасува водителката на разговорот која поставува друго прашање, по што Филиповски делумно се стабилизира во разговорот.

Филиповски е син на поранешниот пратеник на СДСМ Благоја Филиповски кој беше и директор на Скопскиот аеродром до 2003 а неговиот чичко Илија беше министер за економија во владата на Црвенковски од 2002 до 2004.

Моментот кога Филиповски признава дека е “отиден”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.