Добриот сон прави вистински чуда- ни помага да се одмориме, да го организираме умот, да ги подобриме фокусот и концентрацијата, но и ни дава подобро расположение и енергија. Освен тоа, тој има и големо влијание на освежувањето и смирувањето на кожата.
Но, колку навистина сон ни е потребно во текот на ноќта?
Истражување вели дека не ни се потребни 8 часа сон како што мислат многумина, туку точно 7 часа и 6 минути.
Во истражувањете учествувале околу 2000 испитаници, а целта на истражувачите била да се утврди колку време ни е потребно за да имаме добри ефекти од спиењето.
Според резултатите, луѓето кои спиеле 7 часа и 6 минути биле најсреќни меѓу сите. Дополнително, истражувањето покажува дека луѓето кои спиеле помалку од 6 часа и 48 минути, истакнале дека се нерасположени и многу нервозни.
Сепак, треба да знаеме дека квалитетот на сон е еднакво важен како и должината на спиење. Истражувањето покажало дека е многу важно и која храна се конзумира пред спиење, а дополнителен бенефит е медитацијата или туширањето непосредно пред спиењето.