Сигурно сте забележале од лично или од туѓо искуство дека поголемиот број од луѓето ја зголемуваат нивната телесна тежина откако ќе ги остават цигарите.
Грчките научници потврдиле дека кај лицата кои неодамна престанале да пушат е потребно повеќе време да се намали нивото на грелин (односно хормонот на глад) во желудникот.
По оброкот, кога сме јаделе доволно, доаѓа до намалување на овој хормон и тогаш мозокот добива сигнал дека сме најадени.
Меѓутоа, доколку нивото на грелин останува покачен подолго време, подолго ќе јадеме и на тој начин ќе внесеме поголема количина на храна.
Токму поради ова откако ќе се престане со пушење се зголемува апетитот и со самото тоа дневното внесување на калории, поради што најчесто доаѓа до зголемување на телесната тежина.