He е од тyка: 3aeв пpв пат cлyшнал за контpoвepзниот кaмп

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајчи на новинарско барање да го искаже својот став, рече дека прв пат слуша за аферата со скандалозниот извиднички камп кај скопско Грдовци.

Иако родителите се пожалија на сексуална вознемиреност кај своите деца уште во средата, претседателот на Владата рече дека не е воопшто запознаен со случајот и побара новинарското прашање да се испрати на писмено за да го одговори подоцна.

По Обвинителството, кое оформи предмет за организирани несоодветни активности со сексуална содржина во кои учествувале деца, и канцеларијата на Народниот правобранител се заинтересира за случајот и отвори предмет по сопствена иницијатива.

Секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир – македонската јавноста е шокирана од сведоштавата за случувањата на извиднички камп организиран во близина на Скопје, во кој учествувале средношколци. Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40 малолетници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.