Исечок од ТВ серијата “Македонија” чие снимање беше прекинато пред некоја година.
Прекрасен спот за песната “Налеј, налеј” кој никого нема да остави рамнодушен.
Уживајте во продолжение:
Налеј, налеј меанџико – песна за љубовта на гемиџиите и француската меанџика
Младите Македонци, солунските атентатори, гемиџиите, само неколку месеци пред настаните во Солун, во Париз, во една мала коноба, со симпатично име „Утро“ на убавата сопственичка и ја пееле „Налеј, налеј меанџико“. Меанџиката, подоцна стаписана од нивните подвизи и нивната смрт, тажна за нејзините македонски пријатели не се омажила никогаш и починала во 1939 година, носејќи го споменот за нив. Приказната за мадам Мадлен и Солунските атентатори, случајно раскажана од една млада Мароканка, се најде во книгата на пензионираниот новинар Никифор Смилевски.
Париз. Март 1903 година.
-Мадам Мадлен, наточи еден бокал вино, од тоа бордото- подвикнува група од неколку момчиња седнати на маса во мала тесна коноба во Париз. Преноќиште со провокативно име „Л`матен“ или „утро“ на француски. Вкусните чорби, пансионот и убавата сопственичка Мадлен се магнет за младите гости од Балканот кои често навратуваат во „Л`матен“ при нивниот престој во Париз.
-Ќе ви наточам вино, ама ако ја запеете онаа ваша песна, што е и моја и ако ми ја посветите мене“ – одговара провокативната мадам Мадлен, која е сопственичка и во исто време ги послужува гостите во „Л`матен“.