Фотографиите се направени на планинскиот превој Слива на патот кон мариовско Витолиште
На самиот планински превој постои еден летниковец кој е омилено место за велосипедистите, кои тука одмараат и уживаат во чистиот воздух и природа.
На едно од дрвата е закачен интересен еколошки натпис: “Ако не знаеш како човечки, однесувај се животински. Животните не оставаат ѓубре”.
Но, по се изгледа некои луѓе не знаат како ниту човечки, ниту животински.
Иако е оставено едно буре за фрлање отпадоци, ѓубре има насекаде наоколу, па ова место кое треба да служи за одмор и е направено со многу ентузијазам е претворено во мини депонија.
Затоа фотографиите се вистинска дилема.