Heкни двajца, вчepa yште четвopица Kyбанци пpивeдeни во Maкедониja

На четворица Кубанци им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата поради илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19:10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба.

Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.

Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата, наведуваат од МВР – информираат од МВР.

Што е со Кубанциве на границата кај Битола? Вчера пpиведени уште две лица од Кyба




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.