Силно невpeме проследено со грмежи и град со големина на орев, во текот на вчерашниот ден го погоди прилепскиот регион
Огромни штети врз земјоделските посеви се пријавени во околината на Тополчани, Чепигово, Воѓани, Бела Црква, Обршани и други населени места.
Целосно се уништени големи површини со тутун, а штети се пријавуваат и врз пиперот и другите земјоделски култури.
Од земјоделското здружение “Тутунска надеж” бараат сите општини во чии рамки има штети, да формираат комисии и да излезат на терен со цел да се утврдат штетите.
Исто така тие бараат Владата на итна седница да донесе одлука за исплата на еднократна помош на сите земјоделци кои претрпеа штети.
Од “Тутунска надеж” исто така бараат да се формира комисија која ќе испита дали за вчерашното невреме има вина во човечки фактор, дали некој направил пропуст при следењето на градобијните облаци и ако постои нешто такво, виновникот да сноси последици.