Hajпознатиот македонcки метeopoлог пpeдyпpeдyва: Teмпepaтypите неделава ќе дocтигнат до екcтpeмни 45 cтепени

Нашата територија полека подпаѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка), а температурите на воздухот бележат тенденција на значителен пораст – пишува на својата веб страна “Метео аларм”, најпознатиот метеоролог во Македонија, Славчо Поповски.

Во текот на седмицата која ни претстои времето ќе биде сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има услови и за сосема ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Температурите секојдневно ќе растат, а особено топло ќе биде од средината на седмицата кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат дури до околу 45 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

За подетални информации следете го Славчо Поповски ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.