На 15 август во недела, во 12 часот пред Собрание е закажан голем пpoтecт против ковид пропусниците.
Во најавата за протестот се потенцира дека истиот е народен, непартиски и се поканети сите граѓани на Република Македонија без разлика на верата и нацијата.
-НА 15 Август (недела) во Скопје, пред Собрание во 12 часот ќе се одржи ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИТЕ КОВИД МЕРКИ (Напомена: протестот е народен, непартиски, без разлика на вера, политика, статус, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот). Жителите на сите градови кои немаат можност да присуствуваат во Скопје, пожелно е да самоорганизираат протести во своите градови), стои во најавата за протестот.
-Новиот механизам за справување со пандемијата многу веројатно ќе бара една нова координација и ќе отвори нови предизвици и прашања и за тоа треба да се координираат инситутциите кои треба ова да го контролираат, рече Филипче на денешната прес конференција.
Тој додаде дека оваа недела ќе се направи координација помеѓу инспекциските служби кои и до сега го координираа почитувањето на протоколите.
Задолжени се сите институциите кои го организираат овие настани да имаат редарски служби кои ќе треба да ги бараат сертификатите за вакцинација и истите да ги приложат пред надлежните инспекциски служби, истакна тој и потенцираше дека засега нема одлука дека ова се однесува за трговските центри, туку само за организираните настани.
-Од 16 август за било каков настан од типот на прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација се однесува на лица над 18-годишна возраст. За одење на работа, посета на молови и трговски центри, големи маркети засега нема да се бара да сте вакцинирани – вели министерот Филипче.